Убиство во Штип: Син ја усмртил мајка си со остар предмет

од Nikola Popovski
83 прегледи

Штипската полиција информира дека утрово се случило убиство во градот при што полициски службеници го лишиле од слобода С.З.(54) од Штип.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека настанот се случил околу 02:00 часот, во семејниот дом во Штип. С.З. со остар предмет ѝ нанел убодна рана на својата мајка, по што таа починала на лице место. Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта.

„Во 04:15 часот, полициските службеници од СВР Штип го лишиле од слобода осомничениот. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција, а на лице место бил извршен увид од страна на екипа на СВР Штип, под раководство на Јавното обвинителство. Острото оружје било пронајдено и одземено за натамошна постапка“, велат од полицијата.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по член 123 став.2 точка 2 од Кривичниот законик.

Слични содржини