Богојески ги обвини бранителите: Не ја дадоа вистинската поддршка

од Nikola Popovski
40 прегледи

На годишнината од убиствата на армиските резервисти кај Карпалак, претставници на партијата Македонски концепт им оддадоа почит на загинатите со положување цвеќе на спомен-плочата, поставена на банкината на автопатот Тетово-Скопје

Членови на партијата, предводени од Петар Богојески, положија цвеќе на местото на погибијата.

„Жалиме што не направивме повеќе за бранителите! Но, и кај нив има вина, не дадоа вистинска поддршка“, стои меѓу другото во објавата на претседателот на Македонски концепт.

Претходно денеска делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата положи свежо цвеќе на спомен-обележјето. Пред спомен-обележјето почит оддадоа и делегации на Владата предводена од вицепремиерот за политички систем Љупчо Димовски, од кабинетот на претседателката на државата, претставници од семејствата на загинатите припадници на Армијата, од здруженија на граѓани и од политички партии.