Бугарски државјанин исчезна во Охридското Езеро

од Nikola Popovski
57 прегледи

Нуркач од Бугарија исчезна во Охридското Езеро. Во тек е акција за негово пронаоѓање.

Во полицискиот билтен стои дека на 09.08.2025 година во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското езеро, над селото Трпејца.

-Се преземаат мерки за негово пронаоѓање кои ги спроведуваа тимови од Езерската полиција, Црвен крст со нуркачи од нуркачкиот  клуб „Амфора“, информираат од полицијата.