Осумдесетте општини и Градот Скопје во 2024 година склучиле вкупно 4.006 договори за јавни набавки во вредност од 11,7 милијарди денари, односно 190 милиони евра, се вели во анализата на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).
Само во 2024 година, вредноста на општинските тендери пораснала за 16 проценти, односно за 26 милиони евра.
Најголем скок во вредноста на тендерите имаат скопските општини Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода.
Град Скопје за прв пат го загуби приматот и со годишен пад на вредноста на тендерите од 11,5 милиони евра, се наоѓа на шестото место.