Американската војска се подготвува за активирање стотици припадници на Националната гарда во Вашингтон, главниот град на САД, јавуваат светските новински агенции.
Според два неидентификувани високи функционери, конечната одлука е на претседателот на САД, Доналд Трамп, но припадниците на гардата се веќе спремни за распоредување.
Еден од неидентификуваните извори вели оти не е јасно што точно би правеле резервистите, но би можеле да учествуваат во напори да се заштитат федерални агенти или дури и да извршуваат административни задачи за да се ослободат ресурси во службите за спроведување на законот.
Сепак, објаснувањето сигурно требва да се бара на вистинското место – наредбата за нивно распоредување беше најавена од Трамп, кој зборуваше за ужасната ситуација со криминалот и големиот број бездомници во главниот град на САД и најави, како што тоа претходно го направи во Лос Анџелес, дека ќа ја активира Националната гарда.
Сепак, експертите предупредуваат дека Вашингтон, односно Областа Колумбија или специјален статус кој не може да се споредува со тој на федерална држава – Калифорнија и Лос Анџелес. Односно, не е целосно јасно дали Трамп има право да ги активира трупите на Националната гарда во главниот град, каде конечниот збор го имаат локалните власт и Конгресот на САД.
Поради активирањето на трупите во Лос Анџелес веќе се покренати неколку судски процеси и дојде до политички тензии помеѓу Белата куќа и гувернерот на Калифорнија, Гевин Нусом, како и други политичари од Демократската партија.