Шалтерот за издавање уверенија за државјанство во МРТВ ќе работи до 19 часот

Од МВР потсетуваат дека услугата за издавање Уверение за државјанство е достапна и дигитално преку порталот uslugi.gov.mk.

од desk2
18 прегледи

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека поради зголемениот број барања, шалтерот за издавање Уверение за државјанство во Одделението за управни работи – Скопје (во зградата на МРТВ) ќе работи во периодот од 8 до 19 часот, со цел да одговори на сите барања на граѓаните.

Од МВР потсетуваат дека услугата за издавање Уверение за државјанство е достапна и дигитално преку порталот uslugi.gov.mk.

Слични содржини