Ердоган се понудил да биде домаќин на средба на Путин и Зеленски

од desk2
17 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговарал со неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган за можен мировен самит на кој би се состанале првите луѓе на Украина и Русија, а кој би се одржал во Турција. Ердоган ја потврдил готовноста на неговата земја да биде домаќин на таков самит, јавија украинските медиуми.

Зеленски на социјалната мрежа Х објави детали од разговорот, истакнувајќи дека ја анализирале моменталната дипломатска ситуација и можностите што таа ги нуди.

„Претседателот Ердоган јасно изјави дека никакви преговори без Украина нема да донесат одржлив мир. Еднакво ги разбираме сите ризици и закани“, рече Зеленски.

Тој нагласи дека Киев е подготвен „за кој било формат на состанок насочен кон запирање на убивањето и завршувањето на војната“.