ВМРО-ДПМНЕ: Омилениот судија на Заев и Филипче добил 120.000 евра преку Агенцијата Еразмус

„Димова како директорка на Агенцијата, му доделила проект, на сега веќе разрешениот, судија Лазар Нанев, проект од делот на Европските фондови КА201, кој е со главен фокус на училишното образование и вреден 120 илјади евра“

од Vladimir Zorba
446 прегледи

„СДС и Заев преку Агенцијата Еразмус купуваа судии, 120 илјади евра префрлени на невладина во сопственост на Лазар Нанев. Судството е во ваква очајна состојба со 2% доверба, затоа што Заев, Филипче и СДС ги купуваа судиите со проекти и пари, а тие за возврат свиреа како што ќе им се диригираше“, рече на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нанев беше омилен судија на Заев и Филипче, па така тој експресно напредуваше во времето на СДС, затоа што ги извршуваше нивните насоки. За извршување на насоките и послушноста, Нанев добил и награда.

Димова како директорка на Агенцијата, му доделила проект, на сега веќе разрешениот, судија Лазар Нанев, проект од делот на Европските фондови КА201, кој е со главен фокус на училишното образование и вреден 120 илјади евра“, тврди тој.