Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес предупреди на можноста Русија да ги засили нападите врз Украина во деновите по самитот Путин-Трамп во Алјаска, со цел, како што рече, да се создаде поповолна позиција за преговори со глобалните актери.
„Врз основа на политичката и дипломатската ситуација околу Украина, знаејќи го предавството на Русија, очекуваме дека во наредните денови руската војска ќе се обиде да го зголеми притисокот и да ги нападне украинските позиции со цел да создаде поповолни политички околности за преговори со глобалните актери“, објави Зеленски на својот X профил.
Тој, исто така, изјави дека добил извештај од Врховниот командант на украинските вооружени сили, Олександр Сирски, за намерите и движењата на руската војска.