Хојлунд дефинитивно е отпишан, ќе го напушти Јунајтед овој месец

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Манчестер Јунајтед имаше многу активен преоден рок, и тој сè уште не е завршен, барем во однос на заминувањата од Олд Трафорд.

Јунајтед ги донесе Брајан Мбеумo, Матеус Куња и Бенџамин Шешкo ова лето, а клубот ги напушти Маркус Рашфорд, Кристијан Ериксен, Виктор Линделоф и Џони Еванс.

Сепак, со доаѓањето на тројца напаѓачи, самото заминување на Рашфорд не е доволно, а тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим, реши да прецрта уште еден и да му каже да бара нов клуб.

Станува збор за Расмус Хојлунд (22), дански напаѓач кој пристигна на „Олд Трафорд“ пред две години за 78 милиони евра од Аталанта.

Доказ дека Хојлунд е прецртан е тоа што е целосно отпишан за денешниот натпревар од првото коло против Арсенал (17:30 часот) во првото коло од Премиер лигата, и треба да го напушти клубот во следните две недели.

Според италијанските медиуми, неколку клубови се заинтересирани да го доведат Хојлунд, а неговото доаѓање во Милан е најреално.