Зеленски во Брисел: Потребни се прекин на огнот и јасни безбедносни гаранции за Украина

од Vladimir Zorba
33 прегледи

Володимир Зеленски денес во Брисел, по состанокот на Коалицијата на волните, изјави дека ги презентирал ставовите на Киев за трансатлантското единство, мировните напори, територијалните прашања, безбедносните гаранции и процесот на пристапување на Украина во Европската Унија.

„Важно е Европа да остане обединета како што беше во 2022 година. Ова силно единство е неопходно за да се постигне вистински мир“, рече Зеленски во објава на социјалната мрежа X и нагласи дека е итно потребно да се воспостави прекин на огнот и да се започнат сериозни преговори.

Зеленски оцени дека е потребно да се воспостави прекин на огнот и брзо да се работи на постигнување конечен договор.

„Ќе разговараме за ова во Вашингтон. Путин не сака да ги запре убиствата, но мора да го стори тоа“, рече Зеленски.

Сегашните фронтови во војната треба да бидат основа за преговори

Претседателот на Украина денес во Брисел изјави дека сегашните фронтови во војната на неговата земја со Русија треба да бидат основа за мировни разговори.

„Ни требаат вистински преговори, што значи дека можеме да започнеме таму каде што е сега линијата на фронтот“, рече Зеленски, додавајќи дека европските лидери го поддржуваат ова, пренесе Ројтерс.

Зеленски го повтори својот став дека е неопходен прекин на огнот за потоа да се преговара за конечен договор.

Претседателот на Украина напиша на платформата X дека имал важен состанок со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, во Брисел.

Слични содржини