Српска тенисерка добива ужасни закани со смрт по најголемиот натпревар во нејзината кариера

Круниќ сподели исклучително непријатни пораки на Инстаграм. Една од нив гласи: „Од 3:0, изгуби 12 од 14 гема, намести натпревар, грда ку*во, ќе платиш за ова со живот“.

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Српската тенисерка Александра Круниќ се соочи со исклучително непријатна ситуација откако претрпе пораз во финалето на „Ролан Гарос“ во конкуренција на двојки. Тогаш Круниќ, заедно со казахстанската тенисерка Ана Данилина, загуби во мечот за титулата од италијанското дуо Сара Ерани – Жазмине Паолини, по што Србинката добила ужасни закани и навреди, кои дури сега јавно ги објавува.

Круниќ сподели исклучително непријатни пораки на Инстаграм. Една од нив гласи: „Од 3:0, изгуби 12 од 14 гема, намести натпревар, грда ку*во, ќе платиш за ова со живот“.

Сè уште не е познато дали српската тенисерка презела правни мерки во врска со овие закани, но сигурно не уживала читајќи го сето ова по најдобриот турнир во нејзината кариера.