Жена од Кичевско возела со 107 км/ч на место каде ограничувањето е 50 км/ч

од desk2
16 прегледи

На улицата „Магистрален пат“ во Кичево, вчера во 15.25 часот полицајците сопреле автомобил „мерцедес“ со австриски таблички, откако измериле дека возилото се движи со брзина од 107 км на час на место каде што дозволената брзина е 50 км на час, соопшти МВР.

Притоа е уапсена Џ.З.(46) од кичевското село Стрелци, која управувала со автомобилот.

Против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Слични содржини