Во „Идризово“ најдена торба со марихуана во стар автобус и „бела прав“ кај затвореник што се враќал од отсуство

од desk2
11 прегледи

Во КПУ Затвор Идризово вчера имало два случаја на откриени психотропони супстанции – во првиот случај, марихуана била откриена во кругот на затворот, а во вториот, затвореник што се враќал од отсуство се обидел да внесе „бела прашкаста материја“ што била во кеса со храна.

Имено, околу 21 часот вчера, при контрола и претрес во надворешното отворено одделение и објектите во дворот на установата, во стар автобус паркиран во гаражата била пронајдена една торба во која имало марихуана.

Во вториот случај, околу 17.45 часот исто така вчера, при извршен претрес кај осуденикот М.М.(62) од Скопје, кој се враќал од отсуство, била пронајдена бела прашкаста материја, која била ставена во кеса со храна.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини