На регионалниот пат Битола–Ресен, кај месноста Макази, денеска се се случила тешка сообраќајна несреќа во која загинал 52-годишен битолчанец.
Се судриле два автомобила, едниот со странски, другиот со охридски таблички. Има и други повредени лица.
Полицијата и истражните органи вршат увид на местото на несреќата.
Сообраќајот на овој дел од патот беше прекинат во 13.20 часот поради истражните дејствија.