Трамп го поздрави Зеленски пред Белата куќа: „Ние го сакаме народот на Украина“

од desk2
25 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, пред малку го пречека својот украински колега Володимир Зеленски пред Белата куќа во Вашингтон, каде тие двајцата ќе се сретнат насамо. Малку подоцна ќе им се приклучат и европските и НАТО челници: претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон, премиерот на ОК, Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџија Мелони, финскиoт претседател Александер Стуб и Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Трамп рече дека неговата порака до народот на Украина е: „Ние ги сакаме“.

Како што и се очекуваше, Зеленски не беше во костум. Тој го носи само црното сакко што го носеше на самитот на НАТО во јуни, без кравата.

Белата куќа прашала дали Зеленски ќе носи костум на состанокот со Трамп

Слични содржини