Повеќе од 5.300 громови се регистрирани во Грција од вечерва, покажуваат податоците од сателитот Метеосат-12, јавуваат грчките медиуми.
Биле регистрирани 5.208 громови и молњи над копното и 96 над море.
Големото невреме што ја зафати Грција донесе и обилни дождови во Централна Грција, Тесалија и на североистокот на земјата.
Според властите, громовите предизвикале два пожара на отворено, поради што биле ангажирани речиси 60 пожарникари со 15 камиони, четири авиони и два хеликоптера. Пожарите се далеку од населени места.
Во изминативе 24 часа во Грција биле регистрирани 54 пожари на отворени, од кои 40 биле сузбиени бргу, а 14 се уште активни.