Зеленски донел во Овалната канцеларија карти со воените планови на Русија за продолжување на војната

од desk2
0 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговата делегација донеле неколку големи карти во Белата куќа за да ги покажат на претседателот на САД, Доналд Трамп, воените планови на Русија за продолжување на војната во Украина.

Воените географски карти ја илустрираат 1.300 километри долгата фронтовска линија, териториите окупирани од Русија и тековната воена ситуација, пишува „Фајненшел Тајмс“.

Зборувајќи по првата средба со американскиот колега, украинскиот претседател Зеленски ги подигна картите и се заблагодари на Трамп за картата што тој му ја дал.

Слични содржини