Приведени три лица од Виница и Кочани поради марихуана

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Три лица биле приведени поради марихуана во два посебни случаи, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Во првиот случај, полициски службеници вчера во 15:40 часот во Кочани го лишиле од слобода Б.Д., 22-годишен жител на овој град.

– На место викано „Индустриска зона“ во Кочани, полициските службеници извршиле преглед кај лицето и во возилото „бмв“ со кочански регистарски ознаки, што го управувал, при што пронашле и одзеле марихуана, грендер исполнет со марихуана и дигитална вага. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за што постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, велат од МВР.

Подоцна, во 22 часот во кочанско Грдовци, полициски службеници од ОВР – Кочани ги лишиле од слобода Г.П. и А.А., на возраст од 32 и 29 години, двајцaта од Виница.

– Полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со швајцарски национални ознаки, што го управувал Г.П., а сопатник бил А.А., при што забележале дека сопатникот од возилото фрлил пакување со марихуана, што било пронајдено и одземено. Додека, при преглед во возилото биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и грендер, додаваат од МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и во координација со јавен обвинител, со нив бил извршен службен разговор.

– По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, нагласуваат од МВР.