Директорот на КПУ Затвор Скопје, Бобан Утковски, се јави со реакцијат откако Основниот кривичен суд Скопје го критикуваше за одложените рочишта поради неспроведување на притворени лица.
-Со оглед на бројот на возила и намалениот број на вработени во Затворска Полиција КПУ Затвор Скопје постапува и ќе постапува согласно своите можности и капцитети со оглед на тоа што Затвор Скопје врши спровод на притворени и осудени лица покрај Основниот Кривичен Суд Скопје до сите судови и обвинителства низ територтијата на целата држава и тоа Гостивар, Тетово, Кичево, Куманово, Велес, Штип, Битола, Охрид, Кочани, наведува тој во соопштението.
Утковски информира дека на 18 август биле планирани 12 спроводи, од кои биле реализирани 8, а на 19 август од планирани 19 биле реализирани 16.