Пуштена во работа нова хала на „Амфенол“ во Кочани, планирани се 500 нови вработувања

од desk2
23 прегледи

Приходите на фабриката „Амфенол“ во Кочани која отвори нова, втора хала и вработува 200 нови луѓе, годинава треба да изнесуваат околу 200 милиони евра, што е огромен придонес во локалната економија на Кочани, истакна премиерот Христијан Мицкоски денеска на отворањето на халата.

Премиерот откри дека планирани се 500 нови вработувања во две фази, со што сегашните 3.200 ќе станат 3.700 вработени. Тој вели дека Владата сака да испрати порака дека е партнери со бизнис заедницата и со инвеститорите, без разлика дали се тоа домашни или странски.

Слични содржини