📷 ДЗС: Завршена интервенцијата за спречување на ширење на пожарот во Јасен

од desk2
5 прегледи

Пресеката, односно создавањето на бришан простор со цел да се спречи пренесување на пожарот преку сртот, беше целосно реализирана од страна на припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, во соработка со Батаљонот за специјални сили „Волци“, прилагодено на теренските услови, извести Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за преземената мерка денеска кај резерватот „Јасен“.

Станува збор за стратешка и превентивна мерка која бараше интензивна работа на расчистување, со цел да се создаде бришан простор со ширина од дваесет и повеќе метри, долж големиот срт кој се протега неколку километри, сè до езерото Козјак.

По завршувањето на активностите, директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов изврши извидување на теренот.

Фотографија: Дирекција за заштита и спасување

Слични содржини