Дезодоранси, ножеви и уште илјадници артикли во САД поскапеа поради новите царини

од desk2
19 прегледи

Од понеделник, увозот на 407 групи производи што содржат челик и алуминиум, се царини до 50% од вредноста.

Стотици различни артикли од увоз, поскапеа драстично во САД откако на сила стапи царината од 50% на челикот и алуминиумот, според наредбата на претседателот Доналд Трамп.

Бебешки колички, спреј дезодорански, ножеви, апарати за гаснење пожар и уште голем број други артикли категоризирани како „производни“ стоки од челик и алуминиум, досега беа ослободени од 50%-та царина, иако подлежеа на новите специјални царини за секоја земја, наложени во последниве месеци.

На крајот на минатата седмица, Царинската и гранична служба на САД и Министерството за трговија известија дека 407 категории стоки што содржат челик и алуминиум ќе подлежат на 50% царина од 1-та минута во понеделникот. Другите компоненти во производите што не се од челик или алуминиум ќе бидат царинети според други одредби.

Оваа промена стави во неповолна ситуација многу увознции во САД, оти веќе платени стоки сега се во транзит. Ако решат да ги примат доставите, фирмите ќе треба да платат многу повисоки царини. Ако пак го откажат растоварувањето во американските пристаништа за да ги избегнат царините, ќе претрпат загуби.

Слични содржини