Пожарот во Карпош 4 е целосно локализиран, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али. Дел од екипите на Бригадите за противпожарна заштита се сеуште на терен.
Претходно директорот на ЦУК информираше дека во пожарот беше зафатен поранешен објект на Макотекст, фирма на улица Никола Парапунов покрај Кејот на Вардар, кај мостот Обединети Нации, како и дека се работи за стар објект. Во еден мал дел од објактот има сервис за возила, барака, која има бои и лакови и други хемикалии.
Али посочи дека воздухоплов на Дирекцијата за заштита и спасување исфрлил вода над пожарот враќајќи се од извршување на задача за подршка во гаснење на пожарот во Маврово-Ростуше. Пилотот го забележал густиот дим од пожарот на објектот во Карпош и исфрлил вода над запалениот објект. Пожарот го гасне неколку екипи (10 пожарникари) на Бригадата со повеќе (пет) противпожарни возила.
Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов претходно информираше дека во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, под водство на командирот на единицата Звонко Томовски, како и дека нема информации за повредени или настрадани лица.