ФБИ го претресува домот на поранешниот советник за национална безбедност и критичар на Трамп, Џон Болтон

Според „Њујорк пост“, истрагата ја наредил директорот на ФБИ, Кашјап Пател.

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Федералното биро за истраги (ФБИ) го претресе домот на поранешниот советник за национална безбедност, Џон Болтон, во Мериленд.

Болтон беше член на првата администрација на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, но подоцна стана критичен кон политиките на Трамп, изјави извор запознаен со ситуацијата, додавајќи дека Болтон не е уапсен ниту обвинет за никакво кривично дело, објави АП.

Според „Њујорк пост“, истрагата ја наредил директорот на ФБИ, Кашјап Пател.

Слични содржини