Просечната нето-плата во јуни изнесувала 45.468 денари

од desk2
10 прегледи

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2025 година, изнесува 45.468 денари, соопшти Државниот завод за статистика.

Во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8,4%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14,7%, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12,7% и Рударство и вадење на камен за 12,2%.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 7,5%, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 4,3% и Транспорт и складирање за 2,1%.

Слични содржини