На Граничен премин Долно Блаце, вчера во 22.40 часот, при обид за влез во државата, полицајци ги привеле А.Р.(36) од Скопје, затоа што при граничната контрола било констатирано дека за него била изречена мерка „судска забрана за излез од РСМ“.
Со него бил извршен службен разговор, по што било констатирано дека претходно извршил илегален излез од државата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.