Тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, го продолжи договорот со клубот до 30 јуни 2027 година, беше објавено денес.
Ковач (53) ја презеде Борусија во јануари оваа година. Клубот од Дортмунд минатата сезона заврши на четвртото место во Бундеслигата и се квалификуваше за Лигата на шампионите.
„Во последните шест месеци, направивме многу заедно и ја вративме Борусија на вистинскиот пат. Како тренерски штаб, се чувствуваме многу уверени дека заедно со клубот и навивачите, можеме да направиме разлика. Сè уште имаме многу работа пред нас“, рече Ковач, според веб-страницата на клубот.