Две деца на возраст од 8 и 10 години се убиени во оружениот напад на католичкото училиште „Анунсиејшн“ во Минеаполис, во сојузната американска држава Минесота денеска, а ранети се 17 други, од кои 14 се деца, јавија медиумите во САД.
Потврдено е и дека напаѓачот се самоубил.
Пукањето траело неколку минути, велат сведоците. Еден од нив, за тоа време избројал помеѓу 30 и 50 истрели. Еден од родителите на децата во училиштето пак рекол дека напаѓачот испукал помеѓу 50 и 100 куршуми.
Инаку, ова е четвртиот инцидент со пукање со смртни последици во последните 24 часа во државата Минесота.
📽 Напад во католичко училиште во САД: Најмалку двајца мртви, има голем број ранети