Пожар избувнал ноќеска во куќа во Кочани, при што бил опожарен вториот кат.
Случајот бил пријавен околу 4:45 часот. Настрадал домот на Б.В.(46) од Кочани.
Од Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот е изгаснат. Повредени лица нема.
Увид ќе биде извршен во текот на денешниот ден.