Денеска околу 03:30 часот во СВР Охрид e пријавено дека на ул.„Радојца Новичиќ“ во Охрид, 15-годишен малолетник од Канада, a со престој во с.Долно Лакочереј, охридско, управувајќи мопед „априлија“ со охридски регистарски ознаки, удрил во лисица и паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот возач, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.