Хамас пред офанзива за градот Газа: Опасноста со која ќе се соочиме ние, ги чека и заложниците

од desk2
31 прегледи

Исламистичкото палестинско движење Хамас денеска предупреду дека и израелските заложници ќе се соочат „со истите ризици“ како и нивните борци кога станува збор за офанзивата што израелските сили ја подготвуваат за градот Газа.

„Ќе се грижиме за затворениците најдобро што можеме, а тие ќе бидат со нашите борци во зоните на борби и судири, изложени на истите ризици и истите животни услови“, соопшти Хамас.

„За секој заробеник убиен во агресијата ќе ги објавиме неговото име, фотографија и доказ за смртта“, се додава во текстот што се припишува на портпаролот на вооруженото крило на Хамас.

Владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди на војската да се подготви за голема офанзива на градот Газа со цел уништување на Хамас и враќање на сите заложници во Појасот Газа.

Во меѓувреме, израелската војска интензивно работи во предградијата на Газа.