Мерц: Русија ќе ја прекине војната против Украина од економски и воени причини

„Сите напори во последните недели беа пречекани со уште поагресивен пристап од страна на режимот во Москва кон народот на Украина“, изјави Мерц на регионалниот состанок на неговата Демохристијанска унија во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, објави Ројтерс.

од Vladimir Zorba
35 прегледи

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека очекува Русија да ја заврши војната против Украина само кога повеќе нема да може да ја води од економски и воени причини, бидејќи дипломатските напори во последните недели не успеаја.

„Сите напори во последните недели беа пречекани со уште поагресивен пристап од страна на режимот во Москва кон народот на Украина“, изјави Мерц на регионалниот состанок на неговата Демохристијанска унија во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, објави Ројтерс.

Порано истиот ден, рускиот началник на Генералштабот Валериј Герасимов изјави дека руските војници спроведуваат континуирана офанзива по речиси целата фронтова линија во Украина и дека имаат „стратешка иницијатива“.