Студија: Лековите за слабеење може да го преполови ризикот од смрт од срцеви заболувања

Резултатите покажаа дека пациентите кои го земале лекот „семаглутид“ имале 42 проценти помала веројатност да завршат во болница или да починат предвреме, во споредба со оние кои не го земале, а во истата студија, лекот „тирзепатид“ го намалил ризикот од хоспитализација поради срцева слабост или смрт од која било причина за 58 проценти.

од Vladimir Zorba
34 прегледи

Лековите за слабеење може да го преполови ризикот од хоспитализација или предвремена смрт кај пациенти со срцеви заболувања, според студија на американски истражувачи објавена денес од Гардијан.

Во студијата, која беше презентирана на годишната конференција на Европското здружение за кардиологија во Мадрид, американските истражувачи од болницата „Масачусетс Генерал Бригам енд Женс“, непрофитна мрежа на лекари и болници со седиште во Бостон, анализираа податоци од повеќе од 90.000 пациенти со срцева слабост кои биле дебели и имале дијабетес тип 2.