Пјастри: Ја контролирав трката колку што требаше, жал ми е за Норис

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, денес по победата на Големата награда на Холандија во Формула 1 изјави дека ја контролирал трката колку што требало и додаде дека му е жал за тимскиот колега Ландо Норис, кој мораше да се откаже осум круга до крајот поради дефект на автомобилот.

од Vladimir Zorba
15 прегледи

„Се чувствувам добро. Ја контролирав трката колку што требаше, го користев темпото кога ми требаше. Ландо имаше несреќен крај, жал ми е за него. Среќен сум од трудот што го вложив за да бидам подобар тука, многу сум среќен што завршив како победник. Не променивме ништо посебно, само се обидовме да го подобриме автомобилот колку што можевме“, рече Пјастри по трката.

Тој рече дека почетокот на тркачкиот викенд бил тежок, но дека успеал „да се собере“ во квалификациите.