Поминаа децении, а англискиот ветеран Џејмс Милнер сè уште игра во Премиер лигата и постигнува голови. Вчера тој стана вториот најстар стрелец во историјата на Премиер лигата.
Џејмс Милнер постигна гол против Манчестер Сити за израмнување на 1:1, а до крајот на натпреварот неговиот Брајтон постигна втор гол за конечни 2:1 и одличен пресврт за „Галебите“ против фаворизираните „Граѓани“.
Милнер вчера стана вториот најстар стрелец во историјата на Премиер лигата, а воедно и најстар стрелец од пенал.
Голот го постигна кога имаше 39 години и 239 дена, а само еден фудбалер во историјата на Премиер лигата постигна гол на постара возраст.
Тоа е Теди Шерингам, кој го постигна последниот гол во Премиер лигата во својата кариера за Вест Хем на возраст од 40 години и 268 дена.
Милнер постави рекорд за најдолга разлика помеѓу неговиот прв и последен гол во Премиер лигата. Точно 22 години и 248 дена помеѓу првиот и последниот гол на Милнер.
Тој го постигна својот прв гол во Премиер лигата на возраст од 16 години и 356 дена, играјќи за Лидс. Во тоа време, тој беше вториот најмлад стрелец во историјата на лигата.
Уште еден интересен факт. Милнер постигна гол против голманот на Сити, Џејмс Трафорд, кој беше роден кога Милнер го имаше своето деби во Премиер лигата во 2002 година.