Партијата на пензионери никогаш не била дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, порачаа од „Белата палата“

Со зачуденост гледаме на нивното постојано променливо однесување, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
171 прегледи Фото: Локално

Партијата на пензионери да не ја лаже и манипулира јавноста, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението како реакција на денешната прес-конференција на Партијата на пензионерите на која тие објавија дека на претстојните локални избори ќе коалицираат со СДСМ.

Од најголемата владеачка партија истакнаа дека Партијата на пензионери не може да излезе од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од едноставна причина што никогаш оваа партија не била дел од истата.

-Но точно е дека оваа партија пред само неколку месеци излезе од коалицијата со СДСМ. Со зачуденост гледаме на нивното постојано променливо однесување, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Дел од раководството на Партијата на пензионери на централно и локално ниво, заедно со членови и поддржувачи од повеќе општински организации, денеска на прес-конференција објавија дека на претстојните локални избори ќе продолжат со поддршка на досегашниот коалициски партнер СДСМ. Потпретседателот на ПП, Миле Андоновски истакна дека таквата одлука за коалиција со Власта била со образложение дека за пензионерите е најдобро да бидат со власта, меѓутоа тоа предизвикало бројни реакции и негодување од нивните членови.