Државната пензија не е доволна: Колку навистина недостасува за достоинствена старост?

Оние кои сакаат да го одржат вообичаениот животен стандард во староста тешко можат да го сторат тоа само од државната пензија

од Nikola Popovski
24 прегледи

Оние кои сакаат да го одржат вообичаениот животен стандард во староста тешко можат да го сторат тоа само од државната пензија. Според проценките на финансиските експерти, за да се продолжи животот без големи жртви по пензионирањето, потребни се најмалку 80 проценти од последната плата.

Просечната пензија во Македонија во јуни изнесува 26.207 денари (425 евра) што е речиси 58% помалку од просечната нето платаПросечната месечна исплатена нето-плата по вработен исплатена во земјава во јуни изнесувала 45.468 денари (738. евра). Ова значи дека просечниот пензионер располага со околу 57,7% од просечната плата, што е значително под границата од 80% која се смета за потребна за достоинствен живот во пензија.

На просечниот пензионер во Македонија недостасуваат околу 10.000 денари месечно за да го достигне минимумот од 80% од последната просечна плата, пренесува „Бизнис инфо“.