Мециновиќ: Поддршката која ја добиваме од младите е резултат на новата политичка контра-култура која природно се изнедри како контрадикцијата на досегашните текови на владеење во Македонија

Скопје не е град само за младите или само за пензионерите – тој мора да биде град за сите, вели Мециновиќ

од Nikola Popovski
22 прегледи

Воглавно, поддршката која ја добиваме од младите пред сѐ е резултат на новата политичка контра-култура која природно се изнедри како контрадикцијата на досегашните текови на владеење во Република Македонија. Младите сиот свој живот го поминуваат под диктатот на профитот кој партиите на олигархијата го имаат наметнато како носечка одлика на политичкиот систем. Младите веќе немаат што да изгубат, бидејќи сѐ им е веќе одземено, вели кандидатот за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ за тоа што со оглед дека младите се на нивна страна, какви мерки планира за останатиот дел од гласачкото тело.

Крајно, според Мециновиќ, Скопје не е град само за младите или само за пензионерите – тој мора да биде град за сите.

-Во поглед на локалната политика, сметаме дека интересите на сите скопјани се многу слични, бидејќи се однесуваат на минимумот услови потребни за достоинствен живот, независно од животната фаза во која се наоѓаме, истакнува кандидатот за градоначалник во интервју за „Локално“.

Мециновиќ за „Локално“: Имаме јасна визија – град кој работи за обичните луѓе, а не за мал број бизнисмени