По изјавата на градоначалникот на општина Тетово и еден од лидерите на ВЛЕН, Биљал Касами дека не го поддржува кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Илиевски за нов мандат во општина Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски вели дека е битно жителите на општина Брвеница да го поддржуваат градоначалникот. Сепак, премиерот го искритикува Касами.
-Јас слушнав таа изјава на Биљал Касами. Сепак, за жал влегува во фолклорот на опозициската ДУИ и тоа без потреба. Мојата препорака до него е дека етничките поделби и тензии не се алатка за да се привлече внимание во јавноста и да се добијат гласови туку треба да зборува во Тетово за проектите кои се направени со поддршка од Владата за сите граѓани. Овде во Брвеница, кандидатот на коалицијата ВЛЕН треба да зборува за проекти за жителите од Брвеница, а не да се гласа дали е Македонец или Албанец. Тоа е политика на минатиот век и сметам дека таа никому не му носи предност. Јовица е космополит човек и ја има поддршката од сите етнички заедници во Брвеница и по втор пат ќе биде градоначалник, рече премиерот при посетата на општина Брвеница.
Пред неколку дена, Касами на партиски собир ги повикал „Албанците да си ја врателе општина Брвеница назад“.