Прислушувани со години, но вистината повторно се одложува. Наместо расправа за незаконските активности, седницата е тргната од дневен ред. Претседателот на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, Скендер Реџепи-Зејд денеска на прес-конференција рече дека денешната седница не била одложена, туку поништена и најави дека ќе постапува само согласно Деловникот на Собранието.
– До мене ниту вчера, ниту денеска не е стигнато такво барање, ни до Комисијата, ниту од претседателот на Собранието затоа денешната седница не беше одложена, туку поништена бидејќи е против Деловникот и седница ќе свикам јас кога за такво нешто ќе има барање. Жалосно е што станавме банана држава, во која секој секого прислушува и во која секој знае за тоа. Како може премиер да има такви информации дека е прислушуван кога се се знае по кој ред на законот се изнесуват во јавноста и затоа јас нема да бидам дел од еден ваков скандал, рече Реџепи, нагласувајќи дека ќе постапува само согласно Деловникот.
Прашан за безбедносниот сертификат, Реџепи вели дека 10 или 11 месеци се уште нема одговор зошто тој и неговиот заменик на комисијата, немаат сертификат и додаде дека нема портреба од проверки.