Со постепеното укинување на рестриктивните мерки на Европската Унија, средствата за Косово од Инвестициската рамка за Западен Балкан се деблокирани, наведуваат од косовската Влада. Според нив, одобрени се и проектите за кои аплицираше Косово во области како што се енергетиката и дигитализацијата, јавува „RTV21“.
Рестриктивните мерки кон Косово беа воведени во 2023 година по тензиите на северот од земјата. Нивното постепено укинување започна дури во јули оваа година, по најавата на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас.
Сепак, Кљисман Кадију, советник на вицепремиерот во техничкиот мандат за европски интеграци, изјави дека ЕУ ги деблокирала средствата за Косово и одобрила нови проекти.
Тој повтори дека Косово ги исполнило сите чекори што ги бара ЕУ за укинување на мерките и дека ЕУ треба целосно да ги отстрани што е можно поскоро.
„Уште од самиот почеток, Косово ги исполни чекорите што ги бара Европската Унија за укинување на мерките, врз основа на договорот од Братислава од 10 јули 2023 година. Иако препораката за укинување на мерките од ЕУ пристигна пред една година, нивното постепено укинување започна дури минатиот јули.
Со постепеното укинување на мерките, веќе почнаа да се одржуваат состаноци во рамките на поткомитетот на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, средствата од Инвестициската рамка за Западен Балкан се деблокирани и проектите за кои аплициравме во области како што се енергетиката или дигитализацијата се одобрени.
Владата на Косово уште еднаш нагласува дека неправедните мерки воведени против земјата мора да бидат целосно и што е можно поскоро отстранети“, рече Кадију.