Има тенденции на овие извори да се навлезе во реториката на ДУИ за да се покренат теми кои се од меѓуетничкиот дискурс. Повикувам сите експоненти да се вратат на локалните избори, да се вратат на локалните теми, се работи за проблеми кои се од реалниот живот на граѓаните. На локалните избори треба да понудиме решенија и реализација на проекти кои ги решаваат проблемите на сите граѓани, изјави градоначалникот на Тетово и претседател на Движењето Беса, Биљал Касами на новинарско прашање.
Toj упати остри обвинувања против ДУИ дека континуирано се обидува да нè вовлече во националистичка реторика.
Неодамнешните случувања, вели тој, покажуваат дека нивната единствена надеж е меѓуетничкиот конфликт што може да се случи, знаејќи дека особено во Тетово, како што додава, „сегашниот градоначалник има поддршка од Албанци, како и од Македонци, Турци и Роми“.
-Затоа, имајќи предвид дека ја имам поддршката на сите граѓани без разлика, ДУИ се фаќа на етнички, националистички теми и тоа се гледа дека е тенденција на овие избори. Затоа ги повикуваме да се вратат на локалните теми, да понудат програма и решавање на реалните проблеми на граѓаните во Тетово, а кога ќе дојдат парламентарните избори, тогаш ќе збориме за национални теми, рече Касами.