Скопје е премногу валкан и нечист град, преполн со ѓубре. Тоа не е само естетски проблем – тоа е културен и здравствен предизвик. Град кој е прљав не може да биде дом на горди граѓани, истакнува независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Александар Рашковиќ.
Тој во интервју за „Локално“ порача дека Скопје треба да биде град кој инспирира, а не град кој ги тера младите да заминуваат.
-Со еден збор – мојата програма е „Редизајн на Скопје“ и ќе се темели на изградба на современ Саем ’Fair Skopje‘; и на развој на Китка како туристички центар од европски ранг, истакнува меѓу другото Рашковиќ.