Поврзаноста меѓу земјите од Југоисточна Европа е важна не само за нивниот економски развој, туку е и фактор на колективната безбедност на НАТО во регионот, нагласил претседателот на Бугарија, Румен Радев за време на средбата со заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска.
„Во услови на влошена безбедносна средина, модернизацијата на бугарската армија придонесува за зајакнување на колективната одбрана на НАТО низ целиот регион“, додал шефот на бугарската држава на средбата со Шекеринска, која е во официјална посета на Бугарија како втор човек во НАТО.
Претседателот ја истакнал важноста на проектите за модернизација на копнените сили, воздухопловните сили и морнарицата на Бугарија и ги истакна амбициите на нашата земја за целосно учество на бугарската одбранбена индустрија и наука во овој процес. Шефот на нашиот источен сосед, исто така, ја потенцирал важноста на имплементацијата на голем број помали проекти од финансиска гледна точка, кои носат големи предности во развојот на модерните одбранбени капацитети.
Зголемувањето на процентот од БДП наменет за одбрана и зголемувањето на инвестициите во безбедноста од страна на земјите-членки на НАТО биле исто така дискутирани за време на средбата. Радев уште еднаш повикал на поблиска соработка меѓу поединечните земји-членки дури и во процесот на развој и распоредување на ново оружје, за да не се продлабочи поделбата во НАТО меѓу земјите што произведуваат и земјите што трошат одбранбени производи. Затоа, според претседателот, индустриската соработка, трансферот на технологија и спроведувањето на заедничко производство се од клучно значење за секоја земја да го развие својот одбранбен потенцијал и да придонесе кон колективната безбедност.
„Поврзаноста меѓу земјите во Југоисточна Европа е важна не само за економскиот развој, туку е и фактор на колективната безбедност на НАТО во регионот“, нагласил Радев на состанокот и го нагласи клучното значење на Коридорот 8, чија изградба ќе ги поврзе Јадранското и Црното Море.
Меѓу темите што биле дискутирани за време на состанокот била војната во Украина, ризиците што произлегуваат од неа за меѓународниот мир и безбедност, како и меѓународните иницијативи за прекин на непријателствата и барање мирно решение преку дипломатија.