Италијанец фатен со хашиш на Средно Водно

Уапсen 27-годишен државјанин на Италија откако кај него била пронајденa дрога

од Nikola Popovski
13 прегледи Фото: Принтскрин

Полицијата уапси 27-годишен државјанин на Италија откако кај него бил пронајден хашиш на паркинг просторот на Средно Водно.

-На 07.09.2025 околу 21:00 часот на паркинг простор на Средно Водно од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода е лишен Л.Т.(27) од Р.Италија. При извршен преглед кај него е пронајден хашиш, стои во полицискиот билтен.

Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје против Л.Т. е поднесена  кривична пријава по итна постапка до надлежен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка 30 дневен притвор во КПУ Скопје.