Официјалната програма ќе ја презентираме наскоро, во моментот кога ќе ја направиме целосната јавна промоција. Но можам да издвојам три суштински приоритети, вели кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВЛЕН, Башким Бакиу.
Тој во интервју за „Локално“, посочи дека доколку биде избран за нов „градски татко“, ќе спроведе модерен и достапен јавен превоз и модернизација на автобускиот возен парк со електрични и хибридни возила.
Бакиу ветува и нови линии што ќе ги поврзат периферните населби со центарот, интегрирана мрежа на јавни велосипеди и безбедни велосипедски патеки…