Членот на ВЛЕН и вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи одбива да одговара на македонски јазик, иако е прашуван на македонски. Без чувство на одговорност, без почит кон институцијата и граѓаните, Фетаи со ладнокрвност им порача на новинарите: „Уште не сум спремен на македонски“. А роден е во Куманово, со македонско државјанство и функција во македонска Влада. Од ВМРО-ДПМНЕ нема ни збор. Нема реакција, нема извинување, нема барање за одговорност. Затоа прашуваме: за ова ли ви требаа 58 пратеници? За уште поголемо непочитување на македонскиот јазик и институциите, прашуваат денеска од СДСМ откако Фетаи во изјава пред новинарите говореше само на албански јазик, иако новинарите го прашуваа на македонски.
Според партијата во опозиција, ова не е изолиран случај. Наведуваат дека и други функционери од албанскиот блок во оваа Влада не се обраќаат на македонски не одговараат на медиумите. СДСМ критикува дека премиерот Христија Мицкоски „си молчи како ништо да не се случува“.