Фетаи со двојно државјанство добил безбедносен сертификат за државна тајна, иако Законот не го дозволува тоа – порача Мојсоска

Мојсоска: „Јас (член на собраниската Комисија за надзор над АНБ и Агенција за разузнавање) повеќе од 6 месеци немам никаков одговор на моето барање за сертификат за државна тајна, иако (за разлика од вицепремиеров што не говори македонски јазик) немам двојно државјанство“

од Nikola Popovski
250 прегледи

Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска објави дека вицепремиерот и еден од лидерите на ВЛЕН., Арбен Фетаи со двојно државјанство добил безбедносен сертификат за државна тајна, иако Законот за класифицирани информации не дозволува безбедносен сертификат од највисоко ниво за лица со двојно државјанство.

„Јас (член на собраниската Комисија за надзор над АНБ и Агенција за разузнавање) повеќе од 6 месеци немам никаков одговор на моето барање за сертификат за државна тајна, иако (за разлика од вицепремиеров што не говори македонски јазик) немам двојно државјанство. Иако се должни да ми одговарат во рок од 6 месеци на моето барање, власта очигледно ги саботира пратениците да ја вршат надзорната функција над службите“, истакна пратеничката.

Пратеничката додава дека најголемата владеачка партија ВМРО-ДПМНЕ во опозиција обвинуваше дека АНБ, под контрола на СДСМ, не дава безбедносен сертификат на пратеникот Драган Ковачки.

„Сега АНБ со директор од вмровскиот факултет за туризам повторно ја саботира собраниската Комисија за надзор и ја доцементира партизацијата на оваа безбедносна институција“, посочува Мојсоска и додава:

„Ако не, да аплицирам и јас за двојно државјанство, па можда така ќе исполнам услов за вмровскиве директори?!“

Откако Фетаи вчера на настан ги праша своите колеги од Влада дали има безбедносен сертификат од највисок степен, одговори дека има сертификат „државна тајна“ и дека учествува на владините седници каде се споделуваат класифицирани информации, на новинарска забелешка дека според Закон оној кој има двојно државјанство не може да поседува безбедносен сертификат „државна тајна“.

Слични содржини