Нема препораки бидејќи нема зголемени параметри кои се алармантни, вели Мицкоски иако „Дрисла“ се уште гори и испушта чад

Мицкоски: „Кога се испитувани параметрите, тие не се така алармантни, но лошо е тоа да се прави. Има причини зошто се прави - на кој му одговара тоа да се случува сега. Кога ќе дадете одговор на тоа прашање, ќе ви стане јасно кој и зошто тоа го прави“

од Nikola Popovski
25 прегледи Фото: Фејсбук

Откако има молк од Министерството за здравство и ИЈЗ и запрашан дали ќе има некакви препораки од властите до граѓаните по вчерашниот пожар во депонијата „Дрисла“, во насока на зачувување на здравјето, премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема зголемени параметри кои што се алармантни.

-Кога се испитувани параметрите, тие не се така алармантни, но лошо е тоа да се прави. Има причини зошто се прави – на кој му одговара тоа да се случува сега. Кога ќе дадете одговор на тоа прашање, ќе ви стане јасно кој и зошто тоа го прави. Јас како човек кој што ги познава процесите во физиката, ви кажувам дека тој метан и тој хемиски производи, тој ќе гори и тука нема назад. Со еден отпушок од цигара, тој ќе гори секогаш кога ќе се создаде, а се создава секој ден бидејќи е нус-производ од одлагањето на сметот. Не се чувала, не се затрупувала, не се третирала како што треба таа депонија, рече денеска Мицкоски при увид во градежни активности во општина Гази Баба.

Се уште е активен пожарот на депонијата Дрисла, што избувна вчера во 15:15 часот. Во централниот дел на депонијата гори поголема количина отпад, при што се испушта густ чад кој се чувствува и во пошироката околина, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во гаснењето на пожарот интервенираат седум пожарникари со две противпожарни возила од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Слични содржини